Како последица на ковид-19: Авиокомпаниите со загуба од околу 400 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Најтешките последици од корона-кризата, според проценки на релевантни меѓународни организации, ги трпат авиокомпаниите и работниците во туристичкиот сектор.

Потенцијалната глобална загуба на бруто приходот на авиокомпаниите ќе биде меѓу 389 милијарди и 391 милијарда долари во текот на целата 2020 година, проценува Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) во својот последен извештај за ноември.

Во документот објавен на официјалната веб-страница на ИКАО, вкупниот пад на бројот на патници во авионите ќе достигне помеѓу 2,87 и 2,88 милијарди луѓе оваа година, со што вкупниот број на понудени авионски места е преполовен (пад од 51 процент).

Организацијата проценува и дека авионскиот сообраќај на патниците нема да се врати на нивото на кое беше пред појавата на пандемијата на ковид-19 до 2024 година.

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, пак, очекува вкупната загуба на приходите на авиокомпаниите да изнесува 419 милијарди долари, со негативен финансиски резултат од 84,3 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот