Како поранешниот хрватски вицепремиер со измама добил субвенција од 400.000 евра за сопствената винарија?

Фото: Профимедиа

Европското јавно обвинителство поднесе обвинение против поранешниот министер за земјоделство и вицепремиер Томислав Толушиќ (ХДЗ) и вработен во Агенцијата во министерството Жељко Ференц, исто така член на ХДЗ. Двајцата се од околината на Вировитица, а беа обвинети за измама со субвенции и злоупотреба на положбата и овластувањата во проектот за изградба на винаријата на Толушиќ и засадување лозја, кофинансиран од ЕУ.

Толушиќ, како сопственик на ОПГ, во мај 2020 година поднесе барање до Агенцијата за плаќања во земјоделството, рибарството и руралниот развој за субвенција за проектот „Изградба и опремување на винарија“, чија вредност се проценува на приближно 620.000 евра, со кофинансирање од ЕУ од 70 отсто. Европските обвинители тврдат дека Толушиќ „лажел“ дека банката ќе му позајми за овој бизнис бидејќи било услов да има пари за инвестирање, објави Даница.хр. Но, Толушиќ го финансирал со кредити, а не се знае потеклото на 135.000 евра, односно од каде ги добил парите. После тоа, агенцијата неоправдано му исплатила поддршка од ЕУ од близу 400.000 евра.

Тој се обиде да работи и на уште еден проект за садење лозје. Бидејќи Толе веќе имаше засадено лозје, реши да го расчисти за да добие поддршка. Поради истрагата и обвинението, замрзнат имотот на Толушиќ – винаријата Аполитико со лозја. Толушиќ и Ференц беа уапсени на почетокот на јули минатата година, по што против нив беше отворена истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот