КАКО НА ФИЛМ: Авион почнал да се распаѓа при полетувањето, делови од него паѓале врз автомобили и куќи (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Метални делови од Боинг 787 на норвешката компанија „Norwegian“, кои набргу по полетувањето почнале да се распаѓаат од авионот, паѓале како „дожд од куршуми“ во околното стамбено население.

На граѓаните кои живеат во населба која се наоѓа недалеку од римскиот аеродром Леонардо Да Винчи, Фјумичино, во саботата им паѓале помали метални делови од авион со големина од 20 сантиметри, пренесува Индепендент.

Еден од жителите за локалните медиуми изјавил оти помислил дека надвор има невреме од челик и метал и дека поради тоа побегнал од дома.

Отворена е и официјална истрага за да се утврди што довело до овој инцидент, а засега се знае дека пилотот се откажал од планираниот лет за Лос Анџелес и дека со авионот се вратил на римскиот аеродром.

Како што информираат тамошните медиуми, при паѓањето на тие делови, биле погодени паркирани автомобили, а биле срушени и други објекти, како и неколку куќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот