Како да знаете дека дејствуваат антидепресивите што ги земате

pixabay

Земате антидепресиви веќе неколку недели и не забележувате разлика? Како да знаете дали дејствуваат таблетите што ви ги препишал лекарот?

Психијатрите одговараат на најчестите прашања на пациентите во врска со антидепресивите што им се препишани.

Што се антидепресиви?

Антидепресиви се разновидна група лекови кои служат во лекувањето на депресијата, но и на многу други психички нарушувања. Препишувањето на антидепресивите е работа на лекарите, а очекувано, дејството се набљудува во првите неколку недели од почетокот на земањето на таблетите и се надгледува сè до евентуалната потреба да се смени лекот. Иако стручњаците сè уште не знаат како точно дејствуваат антидепресивите, тие влијаат врз невротрансмитерите, кои, пак, влијаат врз состојбите од расположение до меморија, концентрација и спиење.

Што да очекувате кога ќе почнете да ги користите?

Според психијатрите, би требало да почувствувате промена во краток период. Пациентите често чувствуваат поголема енергија, некогаш подобро спијат, а понекогаш им се подобрува и апетитот – сето тоа обично се одвива во првите две недели. Но, да кажеме дека во пет до шест месеци антидепресивите навистина почнуваат да дејствуваат и човекот се чувствува подобро, секако ако ги добива вистинските лекови и дози.

Како да знаете дали дејствуваат?

Според психијатрите, сè зависи од симптомите на вашето ментално здравје и затоа е многу важно при првата посета на лекар, тој да ги забележи сите симптоми и да следи што се случува со нив во текот на лекувањето.

Секоја личност има различни симптоми и затоа е неопходно да се препознаат уште на почетокот. Некои пациенти напредуваат побрзо од другите, па затоа набрзо ќе им се подобри спиењето, апетитот, ќе им се намали анксиозноста, чувството на апатија и помала вредност, како и на суицидни мисли. Психијатрите ги советуваат пациентите да ги разликуваат симптомите од најблаги до најсериозни и да следат како симптомите се менуваат.

Што е важно да се знае за нуспојавите?

Како и сите други лекови, така и антидепресивите имаат нуспојави. Ова се некои од најчестите:

– мачнина;

– повраќање;

– пролив;

– запек;

– проблеми со спиењето;

– недостаток на сексуална желба;

– зголемување на суицидните мисли.

Што ако лековите не дејствуваат?

Ако вашите лекови не дејствуваат, посетете го вашиот лекар, кој ќе процени дали станува збор за погрешен лек или за погрешна доза. Јасно е дека може да биде фрустирачки додека чекате лековите со нивното дејство да ги намалат проблемите, особено ако не успеат при првиот обид. Пред сè, мора да знаете дека е голема работа тоа што барате помош и тоа е прв чекор за успешно лекување.

Под надзор на лекари

Антидепресивите денес се широко распространети лекови кои ја намалуваат депресијата кога е присутна, а служат и за намалување на анксиозноста, односно паничните нарушувања, фобиите и слично. Психијатрите напоменуваат дека прекинувањето на лекувањето треба да биде по подолго време без мешање во актуелното време на стабилно функционирање, а кога не се очекуваат стресови и нагли промени. На одлуката за прекинување со лековите, значително влијаат и бројот на епизоди што ги имал пациентот, така што кај некои тешки случаи на депресија лекувањето трае со години.

Нашето тело најмногу старее на 34, на 60 и на 78 години

Во однос на биолошкото стареење, се чини дека нашето тело најмногу се менува во текот на три животни периоди: на 34, на 60 и на 78 години. Истражувањата покажале дека стареењето не е долг, континуиран процес што се одвива со иста брзина во текот на целиот живот, покажуваат новите истражувања.

Profimedia

Наодите може да ни помогнат да разбереме како нашите тела почнуваат да откажуваат како што стареат и како би можеле подобро да се решат специфични болести поврзани со возраста – вклучувајќи и Алцхајмерова или кардиоваскуларните болести. Истото истражување постави нов начин за веродостојно предвидување на возраста на луѓето користејќи ги нивоата на протеини во нивната крв.

Со подетална анализа на стареењето на плазма протеомот ги идентификувавме брановите на промени за време на животниот век на човекот. Спомнатите промени се резултат на движењето на големи количини протеини во различни модели, кулминирајќи со појава на три бранови на стареење, пишуваат истражувачите во објавениот труд.

Стручњаците анализирале податоци за крвната плазма на 4.263 лица на возраст од 18 до 95 години, набљудувајќи ги нивоата на околу 3.000 различни протеини што се движат низ овие биолошки системи и дејствувајќи како слика од она што се случува во телото: пронајдено е дека 1.379 варирале со годините.

Додека овие нивоа на протеини често остануваат релативно константни, истражувачите откриле дека се случиле големи промени во читањето на протеините на 34-годишна возраст, 60-годишна возраст и 78-годишна возраст.

Зошто ова се случува и како, сè уште не е јасно; но, ако протеините можат да се следат назад до нивниот извор, тоа може да му овозможи на лекарот, на пример, да ве предупреди дека црниот дроб старее побрзо од просекот.

Ова истражување ја нагласува врската помеѓу стареењето и состојбата на крвта, што е забележано во претходните истражувања.

– Одамна знаевме дека нивото на одредени протеини во крвта може да откријат информации за здравствената состојба на човекот. На пример, нивото на липопротеини може многу да открие за кардиоваскуларниот систем на пациентот – велат невролозите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот