Како да постапите со детето кога не сака да учи?

дете и родител
Roman Lacheev / Alamy / Alamy / Profimedia

Како да го мотивирате детето да учи или да совлада материјал кој не му е баш омилен и забавен?

Многу родители со сигурност ќе ви кажат дека најтешко им паѓа кога мораат да ги тераат децата да прават нешто што не сакаат.
Прво на удар е учењето. Без разлика дали е домашна работа, дали е вежбање математика за тест, повторување таблица множење, вежби за помнење… Децата некогаш просто не соработуваат.

Како да постапите во овој случај?

Објаснете му на вашето дете зошто е важно да учи

Сигурно устата „ви фаќа пена“ од повторување зошто е важно детето да има навика да ги учи лекциите, да ги повторува знаењата и да биде добар ученик. Но сето тоа не треба да биде нервозно и со сила. Објаснете му на вашето дете дека секое знаење има своја цел и придобивка за во иднина. Не мора да е секогаш совршено, но важно е да е совладано.

Имајте рутина

Одредете дел од денот во кој ќе бидете и вие со него додека детето ги учи лекциите или пробува да реши некој замрсен проблем по математика. Нека биде тоа дел за вас, во кој освен што ќе бидете заедно, ќе вложите и заеднички напор за да го мотивирате детето да учи.

Направете ред и внесете хаос

Ви звучи невозможно? Пробајте да направите некаква игра со правила во која ќе треба да учите одредени делови од лекциите. Можете тоа да го правите со запишани пасуси на ливчиња од хартија и да извлекувате и да ги повторувате. Потоа, фрлете ги сите ливчиња како конфети врз вас и смејте се. Направете му го учењето на детето – забава. Ќе памети сигурно барем нешто!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот