Како да ја дочекате Новата година дома во време на пандемија? Идеи како да се забавувате во најлудата ноќ

пречек нова година дома
Фото: Profimedia

И оваа 2021 година беше одбележана со пандемијата на коронавирусот, ги почитувавме мерките за физичко дистанцирање, избегнување собири и носење маски во текот на целата година. Согласно мерките ист ќе биде и дочекот на Новата 2022 година.

Годината во заминување беше многу специфична, па и дочекот на Новата 2022 ќе биде специфичен. За да се заштитите себеси и вашите најблиски, најдобро е да организирате добредојде дома со најблиските пријатели или со семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 서숨 (@seosum)

Организирајте тематски дочек

Одлична идеја за дочек на новата година дома – направете мала тематска забава. Можете да „патувате низ светот“ иако сте во топлината на вашиот дом. Изберете дестинација која отсекогаш ви изгледала интересна и направете ја темата на забавата. Направете традиционални јадења и облечете се во согласност со културата на одредена земја, проследена со звуците на музиката.

Ако имате помлади членови на семејството, можете да ја прилагодите забавата така што ќе направите маскенбал во празничен стил. Совршен избор се ликовите од омилениот цртан филм на вашето малечко, или маскирање во Дедо Мраз и мали џуџиња.

новогодишна забава
Фото: Profimedia

Играјте игри на табла со вашето семејство

Социјалните игри не се на одмет и се одличен начин да ја дочекате новата година дома. Со членовите на семејството или со пријателите договорете се за некоја интересна игра. Тоа може да бидат класични игри, на пример, со карти, табла, „Не се лути човеку“… Потрудете се да изберете игри што ќе бидат интересни и за постарите и за помладите.

Организирајте се така што ќе го следите резултатот, за тој што ќе победи на крајот да ја добие заслужената награда. Натпреварувачкиот дух е токму она што ќе ја разгори забавната атмосфера, но секако не претерувајте и не сфаќајте ја играта премногу сериозно. Победата треба да биде фер, но забавата, сепак, треба да биде приоритет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mc Manasaur (@mcmanasaur)

Онлајн-забава

Друг начин да ја дочекате новата година дома е со пријателите да организирате забава преку интернет. Веројатно веќе сте го направиле тоа за време на карантинот, така што нема да биде непознаница за вас.

Прво, договорете се со вашите пријатели за распоредот и можеби плеј-листата што би ја играле на забавата. Можете да ја темпирате музиката така што ќе им се пушта на сите во исто време. Соберете се на некоја социјална мрежа, без разлика дали е Зум, Вибер, Фејсбук, што и да ви одговара, сѐ што ви треба е камера и можност за групно јавување.

новогодишна забава онлајн
Фото: Profimedia

Доколку сте се одлучиле за ваква забава, одлична идеја е да организирате „Тајниот Дедо Мраз“, односно – таен подарок. Организирајте се така што сите во друштвото ќе купат подарок за едно лице, кој ќе го добијат по случаен избор. Секој добива новогодишен подарок по пошта за Нова година, па отворањето на подарокот и откривањето на оној кој го дал подарокот ќе се случи за време на онлајн-забавата.

Во текот на пандемијата, дознавме дека сè може да се одвива онлајн. За жал, ова не е исто како вистинско дружење на вистинска забава, но за ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, особено на постарите, онлајн-забавите се идеално решение за дочек на новата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radgonske gorice (@radgonske_gorice)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот