Како да им честитате Божиќ и Нова година на деловните партнери, без да направите грешки
Содржината на честитката која ја испраќате на вашите деловни соработници обично треба да биде формална, освен ако не се работи за долгогодишни партнери – тогаш честитката може да биде малку поопуштена.
Препорачано
Прилагодување на деловните честитки
Честитките треба да одразуваат карактер на вашата компанија и да бидат прилагодени на партнерите на кои се испраќаат. Испраќањето на празнични честитки помага во создавање подобар однос со партнерите, клиентите, вработените и колегите.
Во деловните честитки е добро да се користат изрази како „благодарам“ и „ви посакуваме многу успех“. Тоа е прилика да им покажете на партнерите дека ја цените соработката и дека сте благодарни што соработувате токму со нив.
Примери на деловни честитки
За вработени:
- „Среќен Божиќ и Нова година! Благодариме за вашиот труд – без вас не би биле целосни. Оваа година, како и секогаш, бевте важен дел од нашиот тим. Се надеваме дека и во иднина ќе градиме успеси заедно.“
- „Ви посакуваме среќни празници! Благодариме за сè што правите за нас! Без вас ништо не би било можно. Вашите пријатели и колеги од (име на компанијата).“
- „Овој празничен период нѐ потсетува на тоа дека сме како едно големо семејство, работeјќи заедно како компанија. На целиот тим и нивните семејства им посакуваме среќен Божиќ и Нова година.“
- „Вашата посветеност и труд блескаат како празнични украси. Благодариме за сè што правите за нас. Вашиот успех е и наш успех. Се надеваме дека ќе уживате со вашите семејства во овие прекрасни денови.“
- „Оваа година донесе неочекувани предизвици за нашето работење. Тоа беа и ваши предизвици. Благодариме што деловните проблеми ги решававте како да се ваши лични. Со ваков тим нема невозможно! Ви посакуваме мирни, среќни и топли празници и со нетрпение ја очекуваме новата година со сите успеси и победи што ќе ги донесе!“
За деловни партнери:
- „Тимот на (име на компанијата) ви посакува мир и радост за Божиќ и многу успех во новата година! Благодариме за континуираната поддршка и партнерство. Се радуваме на соработката со вас и во идните години.“
- „Божиќ е време за подароци. Ние ви благодариме за соработката. Ви посакуваме најсреќни празници и се радуваме на новата година и успесите што ги носи.“
- „Благодариме за одличната работа што ја завршивме заедно оваа година. Сега е време да се опуштиме и да прославиме. Ви посакуваме среќен Божиќ и успешна Нова година.“
- „Се надеваме дека сите ваши соништа ќе се остварат овие празници, како што вие помогнавте да се остварат нашите соништа со тоа што бевте наши партнери. Сè најдобро за празниците од тимот на (име на компанијата).“


