Кајсиите го подобруваат варењето и го зачувуваат видот, но не се за секого

кајсии
Фото: Pexels

Овие овошки содржат голема количина на антиоксиданси што се клучни за зајакнување на имунитетот и намалување на оксидативниот стрес – сето тоа влијае врз посилната способност на организмот подобро да се заштити од инфекции, воспаленија, но и посериозни болести.

Кајсиите (лат. prunus armeniaca) припаѓаат на семејството на коскесто овошје. Тие се исклучително хранливи, а освен што го подобруваат варењето, многу се корисни и за нашите очи. Но, тоа не се единствените нивни квалитети, па затоа е важно да ги вклучите во исхраната во сезона, но и во сушена форма.

Кајсиите се хранливи и нискокалорични

Кајсиите се многу хранливи и содржат големо количество есенцијални витамини и минерали. Две свежи кајсии (70 грама) содржат само 34 калории, само 34,8 грама јаглени хидрати, 1 грам протеини, 4 проценти калиум, но и витамини А, Ц и Е. Ова овошје е исто така добар извор на бетакаротен, лутеин и зеаксантин, моќни антиоксиданси што помагаат во борбата против слободните радикали и го намалуваат оксидативниот стрес. Сето тоа се факти што укажуваат дека кајсиите се чувар на нашето општо добро здравје бидејќи антиоксидансите го спречуваат развојот на болести, вклучително и малигните.

Најдобро е да се јадат цели и нелупени, но претходно треба добро да се измијат. Кората од кајсија содржи поголеми количини на природни влакна и хранливи материи. Јадрото на кајсијата е особено хранливо, па се препорачува како додаток во исхраната и за болните од рак.

Што се флавоноидите што кајсиите ги содржат во големи количини

Полифенолните антиоксиданси, наречени флавоноиди, се важен фактор за заштита од голем број болести, вклучувајќи дијабетес и срцеви заболувања. Главните флавоноиди во кајсиите се хлорогени киселини, катехини и кверцетин. Овие соединенија исто така делуваат на неутрализирање на слободните радикали и спречување на воспаленија и инфекции.

Во студија спроведена на 2.375 луѓе, истражувачите ги измериле промените во нивоата на инфламаторните маркери при конзумирањет кајсии. Откриено е дека високиот внес на флавоноиди и антоцијанини е поврзан и со 42 и 73 отсто помал процент на воспаленија. Поголемиот внес на флавоноиди исто така е поврзан со 56 проценти помал резултат во појавата на оксидативен стрес.

Кајсиите се одлични за видот и здравјето на очите

Кајсиите можат да се пофалат и со соединенија кои се неопходни за здравјето на очите, заедно со витамините А и Е. Витаминот А игра витална улога во спречувањето на ноќното слепило, нарушување предизвикано од недостаток на светли пигменти во очите. Витаминот Е е растворлив антиоксиданс што ги штити очите од ефектите на слободните радикали.

Кожата е поубава, затегната и поздрава ако јадеме кајсии

Консумирањето кајсии може да биде корисно за кожата. Главните причини за појава на брчки и оштетување на кожата се сонцето, загадувањето и чадот од цигарите. Истражувањата, укажуваат и на директната врска помеѓу изложеноста на ултравиолетово (УВ) зрачење, изгореници од сонце и поголем ризик од меланоми.

Добра основа за борба против овие фактори е здравата исхрана со многу антиоксиданси, кои се наоѓаат во кајсиите. Витамините Ц и Е кои се наоѓаат во ова овошје се исто така корисни за кожата. Особено, витаминот Ц кој заштитува од оштетување од УВ-зраците и загадувачите на животната средина, ги неутрализира слободните радикали и помага во создавањето колаген, кој ѝ дава сила и еластичност на кожата. Исхраната богата со витамин Ц може да ѝ помогне на кожата да закрепне од оштетувањето од УВ-зраците и да спречи појава на брчки. Бетакаротенот, уште една хранлива материја од кајсиите, може да биде корисен за санирање изгореници од сонцето. Во една десетнеделна студија, суплементацијата на бетакаротен го намалила ризикот од изгореници од сонце за 20 проценти.

Подобро варење и перисталтика на цревата, но и намалување на шеќерот и холестеролот

Една поголема шолја (165 гр) исечени кајсии обезбедува 3,3 грама природни влакна, што е околу 10 проценти од препорачаните дневни количини. Кајсиите содржат и растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите се разложуваат во вода и вклучуваат пектин, како и долги синџири на шеќер наречени полисахариди. Целулозата, хемицелулозата и лигнинот се нерастворливи. Растворливите влакна се важни за одржување здрави нивоа на шеќер и холестерол во крвта. Природните влакна го одложуваат и движењето на храната во дигестивниот тракт и влијаат врз нашите корисни цревни бактерии. Поздравиот цревен микробиом е поврзан со помал ризик од дебелина, а исто така е многу важен за нашиот имунолошки систем.

Внимание – кајсиите имаат висока содржина на калиум

Кајсиите се богати со калиум, минерал што служи и како електролит. Во вашето тело, тој е одговорен за испраќање нервни сигнали и регулирање на мускулните контракции и балансот на течности. Две кајсии (70 г) обезбедуваат 181 мг од овој минерал, што е 4 отсто од дневните потреби. Бидејќи калиумот е тесно поврзан со натриумот за одржување на балансот на течности, адекватниот внес може да помогне да се спречи надуеност и да се одржи здрав крвен притисок.

Анализата на 33 студии покажа дека исхраната богата со калиум значително го намалува крвниот притисок и резултира со 24 проценти помал ризик од мозочен удар. Сепак, важно е да се напомене дека луѓето што имаат кардиоваскуларни проблеми или проблеми со бубрезите, не треба да јадат премногу од ова овошје, особено ако се на редовна терапија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот