Фото: Монтажа

Каја Калас се слушнала по телефон со иранскиот министер Арагчи

Шефицата на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас, во неделата телефонски разговарала со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, изјавил претставник на ЕУ за „Ројтерс“.

Разговорот се случува во момент на силна ескалација на Блискиот Исток, откако Трамп побара од сојузниците помош за обезбедување на пловидбата низ Ормускиот Теснец. Иран, пак, порача дека теснецот останува отворен за бродови што не се поврзани со неговите непријатели.

Странски бродови можат да минуваат низ Ормускиот теснец со одобрение од Иран

Калас имала и одделни разговори со своите колеги од Турција, Катар и Јужна Кореја „за војната на Блискиот Исток, нападите врз енергетската инфраструктура и за итната потреба повторно да се отвори Ормускиот Теснец“, изјавил истиот претставник.

„Овие контакти беа дел од тековните напори на ЕУ да се истражат дипломатски патишта за понатаму“, рекол претставникот, додавајќи дека „новите закани за напади врз критична цивилна инфраструктура ризикуваат да погодат милиони луѓе низ Блискиот Исток и пошироко“.

Калас последен пат разговарала со Арагчи во средата, кога, според претставник на ЕУ, изјавила дека безбедниот премин низ Ормускиот Теснец е приоритет за Европа.

Ормускиот теснец е еден од најважните поморски патишта за транспорт на нафта и гас. Поради конфликтот со Иран, сообраќајот во областа е сериозно загрозен, а секој обид за негова воена контрола носи висок ризик од поширока ескалација на конфликтот во регионот.

Трамп за Ормускиот теснец: Во одреден момент, тој ќе се отвори сам од себе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот