Сателитска снимка на Ормускиот Теснец / Фото: Wikimedia Commons

Трамп за Ормускиот теснец: Во одреден момент, тој ќе се отвори сам од себе

Американскиот претседател Доналд Трамп кратко разговараше со новинарите пред Белата куќа.

Запрашан за отворањето на Ормускиот теснец за да се овозможи проток на нафта и гас, Трамп ги повтори своите критики кон членките на НАТО, велејќи дека тие „немале храброст да го сторат тоа“.

„Ние не го користиме. Во одреден момент, тој ќе се отвори сам“, додаде тој. Тој нагласи дека „би било убаво“ ако земјите што го користат теснецот, како што се Кина и Јапонија, „учествуваат“. Иран преминува на „селективна блокада“

Ормускиот теснец е еден од најважните поморски патишта за транспорт на нафта и гас. Поради конфликтот со Иран, сообраќајот во областа е сериозно загрозен, а секој обид за негова воена контрола носи висок ризик од поширока ескалација на конфликтот во регионот.

Иран во последните денови започна со спроведување на „селективна блокада“ на Ормускиот теснец, дозволувајќи им на бродови само од одредени земји да поминат низ стратешкиот воден пат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот