Кадетките го освоија последното 16 место на Европското ракометно првенство во Црна Гора

фото: РФМ

Во својот последен натпревар на Европското првенство во Црна Гора, македонската женска кадетска ракометна репрезентација загуби од Исланд со 25:34.

За нашата селекција најефикасна беше Ива Младеновска со шест голови, по четири имаа Михаела Кралева и Леона Миленкоска.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски го освоија последното 16 место на континенталниот собир.

Во сите натпревари на ЕП македонските ракометни надежи беа поразени, во прелиминарната фаза беа совладани од Романија (27:40), Унгарија (17:46) и Франција (15:31).

Потоа, во разигрувањето за пласман од деветтото до 16 место загубија од Норвешка (21:32) и Португалија (13:36), а во последните два меча во разигрувањето за пласман од 13 до 16 позиција од Швајцарија (31:32) и денеска од Исланд (25:34).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот