Кадетите наградени со 700.000 денари за освојувањето на ЕХФ шампионатот во Рига

фото: РФМ

Кадетската машка репрезентација на Македонија беше победник на ЕХФ шампионатот за играчи до 18 години во Рига, Летонија.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ од пет натпревари забележаа пет победи, во финалето ја совладаа Швајцарија со 24:22.

Освоеното прво место на шампионатот им донее директен пласман на младинското Европско првенство во 2024 и кадетското Светско првенство во 2023 година.

Кадетите, заедно со членовите и стручниот штаб за тој голем успех од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) добија парична награда од 700.000 илјади денари.

Предлогот на претседателот на РФМ Живко Мукаетов беше усвоен од Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија за доделување на паричната награда.

Воедно беше усвоен предлогот истакниот ракометен соработник Драган Начевски да биде предложен за добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело и исклучителен придонес во спортот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот