Каде се чува првото црвено јајце: Етнолог објаснува каде во домот треба да се наоѓа „чуварот на куќата“

Црвено велигденско јајце / Фото: Pexels/Chavdar Lungov

По обичај, првото јајце се бојадисува црвено, a се нарекува уште и „чувар на куќата“ и се остава во куќата до следниот Велигден, пишува српски „Курир“.

Етнологот Весна Марјановиќ објаснува од кога датира овој обичај, како и вапсањето јајца, воопшто, и кое верување го претставило денешниот најпознат обичај за Велигден.

„Се верува дека кога Исус Христос воскреснал, јајцата поцрвенеле и оттогаш првото јајце се вапса во црвена боја. Во минатото се користеле природни бои, црвената боја ја добивале од коренот на растението броќ, додека за други бои користеле и спанаќ и кромид, па подоцна се појавиле оние „правилните“ бои“, објаснува Весна.

Еден од исто така постарите методи на украсување датира од 16 век, а тоа е украсувањето на јајцата со восок. Како што објаснува етнологот, овој метод го користеле и монасите. Манастирите и поради свеќите имале пчеларници, од каде земале восок и украсувале јајца.

Кога станува збор за таканаречениот „чувар на нашата куќа“, за него има посебно место во куќата.

„Првото вапсано јајце се оставало кај иконата на домаќинството или на некое важно место во куќата, а се чувало една година. Кога ќе пристигне ново, ова старо јајце се здробувало и ставало во првата бразда, поради бериќетност“, вели етнологот.

Кај православните се верува дека водата во која се бојадисале јајцата не треба да се истура каде што поминуваат луѓето, туку да се истура на помалку фреквентно место, како што објаснува етнологот Весна.

„Mузеите се навистина богати со приказни за обичаите и нашите традиции, особено за Велигден и другите празници“, вели Весна.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот