Прага, Чешка/Фото: Wikimedia Commons

Каде е најевтиниот божиќен базар во Европа – ноќевање од 84 евра, пиво за 2,50 евра

Ако барате прифатлив божиќен базар, Прага може да биде добра опција. Познат по своите дрвени тезги, големи елки и мирисот на трделник, главниот град на Чешка привлекува голем број туристи секоја година, а сега официјално е прогласен за најдобра европска дестинација за зимски одмор, пишува Дејли Меил. Атмосфера како во бајките во срцето на Европа,  Прага често се смета за идеална за божиќните базари. Калдрмените улици опкружени со готски кули и барокни фасади, создаваат препознатлив историски амбиент.

На саемите можете да ги почувствувате мирисите на греано вино (сварак), медовина и традиционални чешки деликатеси, а посетителите се придружени од жива музика, театарски претстави и хорови. Во центарот на саемот доминира голема елка донесена од чешките шуми, а во позадина е познатиот Астрономски часовник. Според истражувањето на порталот „Сикрет Лондон“, Прага е убедливо најпристапната дестинација. Просечната цена за ноќевање во хотел со три ѕвездички е околу 84 евра, додека за пинта пиво ќе потрошите просечно 2,50 евра. Титулата за малку ја избегна бугарското Банско, кое се најде на второто место и покрај уште пониската цена на пивото од само 1,05 евра- пишува Каматица.

Една од големите предности на Прашкиот саем е тоа што трае до Богојавление, 6 јануари. Ова го прави идеална дестинација за оние кои бараат релаксирачки одмор во деновите помеѓу Божиќ и Нова Година. За најдобро искуство, препорачуваме сместување во Стариот град (Старе Место) или Новиот град (Нове Место), од каде што сè е лесно достапно. Чешки божиќни обичаи Во Чешка, божиќните традиции се фокусираат на Бадник (Štědrý den). Подароците не ги носи Дедо Мраз, туку Малиот Исус (Ježíšek), а тие се отвораат по празничната вечера, која традиционално се состои од крап и компир салата. Многумина постат во текот на денот. Обичаите вклучуваат и украсување на елката на Бадник, пеење божиќни песни, фрлање лушпи од ореви во водата за гатање и одење на полноќна миса.

Новогодишната ноќ во Прага е одбележана со огномет на 31 декември и 1 јануари. Најубавиот поглед е од плоштадот на Стариот град, Карловиот мост и бреговите на реката Влтава. Празничниот период завршува на 6 јануари, на празникот Богојавление, кога се одржува големата поворка на Трите кралеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот