Јужна Кореја постигна стапка од 50 отсто излекувани пациенти од коронавирус

Јужна Кореја /Фото: EPA-EFE/YONHAP

Јужна Кореја денес соопшти дека постигнала 50 отсто стапка на излекувани пациенти од коронавирусот, што го истакнува значењето на агресивното тестирање, карантинот и социјалното дистанцирање, извести агенцијата „Јонхап“, а пренесе „Танјуг“.

Како што соопшти националниот Центар за контрола и превенција на заразни болести, во таа земја од болница до саботата се отпуштени 4.811 потполно оздравени пациенти, што е зголемување за 283 лица во однос на претходниот ден.

Тоа е првпат бројот на излечени да го надмине бројот на пациенти кои се наоѓаат во карантин во Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот