Јувентус на лето продава дури десет фудбалери?

твитер

Челниците на „старата дама“ мора да ги намали трошоците поради финанскита криза која е неизбежна за сите екипи, а во план е и подмладувањето на тимот.

Акциите на Јувентус се преполовија поради пандемијата на коронавирусот, но дел од вината лежи и во Кристијано Роналдо. Токму неговата плата која изнесува 30 милиони евра нето, претставува голем товар за управата и токму тој прв ќе си замине од тимот.

Пред неколку дена проструи информација дека Роналдо дефинитивно заминува и ќе премине во ПСЖ кој е подготвен да плати обесштетување и да му ја даде истата плата.

Португалецот се плаши доколку се донесе одлука за намалуваше на платите, дека токму тој највеќе ќе загуби, околу 10 милиони евра и поради тоа планира да го напушти Јувентус.

Уште еден фудбалер кој сигурно ќе биде продаден е Миралем Пјаниќ за кого постои голем интерес од неколку англиски екипи, но и од ПСЖ.
Челси и Манчестер сити се подготвени да платат околу 50 милиони евра, таа сума не претставува проблем и за францускиот тим.

Јувентус и тренерот Маурицио Сари го прецртаа и двоецот од средниот ред, Даглас Кошта и Федерико Бернадески. Кошта откако пристигна од Баерн Минхен повеќе е повреден отколку што игра, додека Бернадески е вистинско разочарување. Доколку пристигне вистинска понуда ќе биде продаден и Тонали.

Само 11 фудбалери се сигурни за следната сезона и управата нема намера да ги разгледува понудите доколку пристигнат за нив.

Тоа се Буфон, Кјелини, Бонучи, Де Лихт, Демирал, Квадрадо, Дибала, Ремзи, Алекс Сандро голманот Шчешни и Кулушевски кој треба да се приклучи на екипата од следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот