Арон Рамзи/фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Јувентус го раскина договорот со Ремзи

Италијанскиот тим Јувентус објави дека ја прекина соработката со играчот од средниот ред Арон Ремзи. Велшанецот за предвремниот раскин на соработката ќе добие 3 милиони евра.

Ремзи во Јувентус дојде во 2019 година од Арсенал како слободен играч од Арсенал, а бидејќи „старата дама“  не плати никакво обештетување за него, му даде договор на Велшанецот од 7 милиони евра по сезона.


Ремзи многу не се наигра во Јувентус бидејќи поголем дел од времето беше повреден, а како замена за него се споменува Леандро Паредес од ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот