Јуве има нов тренер: Добредојде дома, „Мистер Алегри“!

epa07339565 Juventus' coach Massimiliano Allegri reacts prior to the Italian Serie A soccer match Juventus FC vs Parma Calcio at the Allianz stadium in Turin, Italy, 02 February 2019. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

После заминувањето на Андреа Пирло, клубот од Торино веднаш го промовираше наследникот, тоа е Масимилијано Алегри кој повторно ќе ја води „Старата дама“.

Јувентус веднаш се потсети на славните моменти остварени токму со Алегри, пет титули во Серија А, четири во Купот на Италија, двапати во Суперкупот на Италија, и двапати беше финалист во Лигата на шампионите.

Не се објавени детали од договорот, но според новинарот Фабрицио Романо, соработката ќе трае до 2025 година, со годишна плата од околу девет милиони евра.

Алегри претходно беше и на клупата на Милан со кој успеа да освои по еден трофеј во Серија и италијанскиот Суперкуп.

Во изминатиот период се поврзуваше и со клупата на шпанскиот гигант Реал Мадрид кој се раздели со францускиот стратег Зинедин Зидан.

Официјално: Пирло не ги оправда очекувањата, го напушти Јувентус!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот