Официјално: Пирло не ги оправда очекувањата, го напушти Јувентус!

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Од денеска и официјално Андреа Пирло не е повеќе тренер на „Старата дама“, соопшти клубот од Торино…

Пирло минатото лето дојде на клупата на Јувентус како замена за Маурицио Сари, но не ги оправда очекувањата.

Во Лигата на шампионите настапот го заврши дури во осминафиналето, а во Серија А остана без трофејот после девет години по ред доминација во шампионатот, односно на крајот беше освоена дури четвртата позиција.

43-годишниот стратег со екипата успеа да ги освои Купот и Суперкупот на Италија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека од следната сезона на клупата ќе се врати Масимилијано Алегри кој веќе го водеше клубот во периодот од 2014-2019 година.

Отказ за Пирло, Алегри се враќа во Јувентус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот