ВИДЕО: Елмас од клупата ја гледаше победата на Лајпциг против Дортмунд

фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Во 31 коло од најсилното германско фудбалско првенство екипата на Лајпциг со 4:1 на домашен терен триумфираше над Борусија Дортмунд.

Иако беше меѓу резервите на клупата овојпат македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не настапи за Лајпциг.

Водеа „милионерите“ со погодокот на Санчо од 20 минута, само 180 секунди подоцна израмнија домаќините преку Опенда.

Непосредно пред паузата „биковите“ дојдоа до предност со голот на Шешко (45+2`). За 3:1 на стартот од вториот дел се погрижу Симакан (46`), а во 80 минута конечниот епилог го постави Баумгартнер.

На табелата Лајпциг после 19 победа сезонава е на четвртата позиција со 62 бодови и е во „пол-позиција“ да учество во групите на ЛШ следната сезона, додека Дортмунд е на петтото место со 57 бодови.

Се одиграа уште три натпревари во ова бундеслигашко коло: Аугсбург – Вердер Бремен 0:3, Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт 2:1 и Фрајбург – Волфсбург 1:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот