ВИДЕО | Пендаровски: Наместо да се извини за 27 април, ВМРО-ДПМНЕ најавува амнестија за насилниците

Фото: Стево Пендаровски

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски на 7-годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017 година, вели дека насилниците коишто влегоа да тепаат пратеници и новинари, не им се извинија ниту на граѓаните, ниту пак на луѓето кои ги поттикнуваа на насилство против своите сограѓани. Наместо извинување, Пендаровски посочува дека сега ВМРО–ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател најавуваат амнестија на насилниците доколку дојдат на власт.

-За жал истите луѓе кои на тој ден упаднаа во Собрание, сега бараат власт. Претседателот на главната опозициона партија беше влезен исто така. Не велам дека сите што влегоа внатре се криминалци, меѓутоа сакав да го прашам и тогаш и сега што бараше внатре во Собранието­? Дали да ја заврши работата која ја организираа од неговата партија, да не дозволи мирен трансфер на власта – сите знаеме дека беше тоа, имаше судски пресуди на таа тема. За жал од тогаш поминаа 7 години, ни еден од актерите, особено ниту еден од организаторите не се извини затоа што за прв пат во историјата партијата на власт за да не ја даде власта организира бунт и со помош на пратеници, нападна пратеници, еден, двајца беа на работ на смрт. Освен што не се извинија, денеска нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија, рече Пендаровски.

Тој додаде дека се претставуваат како патриоти кои ја бранеле Македонија.

-Јас разбирам да кажеш криви биле тие и тие, по име и по презиме и да речеш дека многу им се високи казните или во име на некакво национално помирување да им простиме дел од казната, да си одат дома, било што било. Но ништо од тоа не се случува, само се најавува амнестија. Според мене тоа е јасен индикатор дека на таков начин, ако дојдат на власт и ќе се владее, изјави Пендаровски денеска во Пештани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот