Зеленски повика на поголема мобилизација на партнерите за помош околу војната

epa11228545

Најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и се потребни на Украина – порача украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура – објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот“, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

 

Инаку, украинската војска соопшти дека Русија испратила дополнителни трупи во Очеретин во источна Украина во обид да ја засили офанзивата таму, но украинските сили сè уште го држеле селото, очекувајќи дека испораките на американско оружје ќе го свртат бранот во нивна корист.

Руските трупи постепено напредуваа и поминаа низ најмалку шест села на источниот фронт откако го освоија клучниот град Авдијевка во февруари, додека исцрпените украински војници ја рационализираа употребата на артилериска муниција. Во Очеретин денеска се водеа жестоки борби, но Назар Волошин, портпарол на Источната воена команда, вели дека украинските сили ја имаат ситуацијата „под контрола“ и контролираат две третини од селото, објавија украинските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот