ОФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид потврди дека Зидан си замина

EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Реал Мадрид денеска и официјално потврди дека Зинедин Зидан повеќе не е тренер на „кралскиот клуб“. Зидан по втор пат си заминува од клупата на Реал Мадрид и тоа по сезоната во која не освои ништо, односно не ги освои трофеите во Ла Лига, Кралскиот куп и Лигата на шампионите.

„Сега е време да ја почитуваме неговата одлука да му покажеме благодарност за неговата професионалност, посветеност и страст во сите години кои ги помина во Реал Мадрид. Зидан е голем мит, чија легенда ја надминува улогата на тренер и фудбалер. Тој самиот знае дека засекогаш ќе остане во срцето на Реал Мадрид, кој е и ќе биде негов дом“, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Зинедин Зидан првиот пат ја напушти клупата на Реал Мадрид на 31. мај 2018 година кога ја освои третата по ред титула во Лигата на шампионите. Потоа следеше неуспешна епизода на Реал Мадрид со Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари по што на повик од Перез, Французинот на 11 март 2019 година се врати на „Сантијаго Бернабеу“ и веднаш ја освои титулата во Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот