Јуве и Роналдо на „колена“: Еве зошто Атлетико го плати 126 милиони евра! (ВИДЕО)

twitter.com/atletienglish

Денеска на „Френдс“ арената во Стокхолм (Шведска) екипата на Атлетико Мадрид славеше со минимален резултат 2:1 (2:1) против составот на Јувентус.

Сите голови беа реализирани во првото полувреме, најпрвин Лемар убаво стрелаше во 24 минута после асистенцијата на најскапото летно засилување, Жоао Феликс кој додеј во шпанскиот клуб за 126 милиони евра од Бенфика.

Во 29 минута Кедира донесе израмнување, германскиот интернационалец ја искористи невнимателноста во одбраната на „јорганџиите“.

Само четири минути подоцна Атлетико ја обезбеди победата, овојпат улогите беа сменети, односно Лемар го пронајде Жоао Феликс кој со една „леснотија“ ја затресе мрежата на Шчесни. Првата ѕвезда на „Старата дама“, Кристијано Роналдо настапи до 71 минута кога беше заменет од Манџукиќ.

На конечната табела во ова натпреварување, Бенфика го освои првото место со девет максимални бодови, сите три победи забележани во регуларните 90 минути.

Исто така и Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед имаа три победи, но по една запишаа во пенал сериите што донесува два бода.

Јуве заврши дури на деветтата позиција, со два порази од Атлетико Мадрид и Тотенхем, а само на пенали беше подобар италијанскиот шампион од Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот