manutd.com

Јунајтед го објави трансферот на Ван Бисака

Во изминатиот период се најавуваше доаѓањето на одбранбениот играч, Ван Бисака потпиша договор на четири години со можност истиот да биде продолжен на уште една.

Сите неофицијални канали потврдија договор помеѓу двата тима во вредност од 45 милиони фунти и уште пет во форма на бонуси, со неделна заработка од 80.000 илјади фунти.

– Неверојатно е чувството и честа да се наречам играч на Манчестер јунајтед и нешто што знам дека само мал број на играчи имаат привилегија да кажат. Едвај чекам да им се придружам на моите нови тимски колеги. Сега ќе имам кратка пауза после Европското првенство. Со нетрпение чекам да тренирам со менаџерот во рамките од предсезоната – вели Ван Бисака.

Ова е второто летно засилување за „црвените ѓаволи“, претходно беше ангажиран велшкиот репрезентативец Даниел Џејмс од екипата на Свонси.

Медиумите на Островот шпекулираат дека наредна трансферна цел на менаџерот Оле Гунар Солскјер е Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот