Југословенски рецепт за кох, колач кој го обожаваше цела Југославија

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Кох е старински деликатес, кој се прави од евтини намирници. Југословенските домаќинки често го подготвуваа бидејќи веќе ги имаа сите потребни состојки во фрижидерот. Некогаш беше популарен исто и како палачинките, но во денешно време луѓето сѐ помалку го подготвуваат. Ако сè уште не сте го пробале, тогаш задолжително направете кох натопен во млеко и дознајте зошто цела Југославија го обожавала овој едноставен колач.

Состојки:

– 7 јајца
– 7 лажици брашно
– 7 лажици гриз
– 7 лажици шеќер
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– прстофат сол
– околу 1 л млеко

Подготовка:

Одделете ги белките и жолчките. Изматете ги пенесто жолчката со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете гриз и просеано брашно. Соединете со миксер. Изматете ги белките со прстофат сол додека не се стегнат, па полека додавајте во жолчките и соединете со жица за матење.

Сипете во плех и печете на 180 степени додека не порумени. Извадете го и прелијте го со млеко врелиот кох. Изладете го на собна температура и за млекото убаво да се впие.

Напомена: Немојте веднаш да го сипате целиот литар млеко, туку половина, па кога ќе се впие, видете дали треба да се додава. Колачот треба малку да плива во млекото.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот