Заборавено јадење што го сакаа генерации: Југословенски гибаници

Фото: Профимедиа

Ако сте растеле во Југославија, гибаниците дефинитивно ви го одбележале детството. Бабите често го печеа ова прекрасно печиво исполнето со сирење, кое обично се служеше за појадок или за вечера со кисело млеко. Одлично е што не се чека тестото да нарасне, туку брзо се замесува и се формираат топчињата од тестото, кои личат на калцони. Запомнете го овој заборавен рецепт и подгответе го за вашето семејство.

Состојки:

– 500 г брашно
– 120 г свинска маст
– 200 мл вода
– 1 лажичка сол
– 1 јајце
– 200 ситно сирење

Подготовка:

Во брашното додајте сол, јајце, 100 грама маснотии и вода, па замесете средно меко тесто, кое подоцна ќе го поделите на шест дела. Потоа, секој дел од тестото истенчете го и премачкајте го со сирење, но да не оди до крај до рабовите, па преклопете го и притиснете ги краевите со виљушка.

Остатокот од маснотиите растопете ги во тава и гибаниците пржете ги додека не поруменат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот