Фото: Шаховски клуб Алкалоид

Педесетгодишниот јубилеј на ШК Алкалоид прославен со турнири со над 350 играчи од 10 европски земји

По повод 50-годишниот јубилеј на Шаховскиот клуб Алкалоид, се организираше шаховски фестивал, турнири во забрзан и во брзопотезен шах со над 350 играчи од 10 европски земји.

На турнирот во забрзан шах на кој настапија речиси 200 играчи, трофејот го подигна велемајсторот Кирил Георгиев, кој ја предводеше групата играчи на врвот со 9 бода од 11 партии. Второто и третото место ги освоија ИМ Христос Кралис од Грција и ИМ Ндерим Сарачи од Косово. Најдобро пласиран шахист од Македонија е ИМ Дејан Стојановски со 8,5 поени на четвртото место. Изненадување на турнирот беше Матео Ефтовски, член на младинскиот тим ШК Мулти Есенс.

На турнирот во брзопотезен шах имаше 153 играчи, а по 13 одиграни кола, на врвот се издвои ИМ Никола Николовски со 11 бода. Зад него беа ИМ Ндерим Сарачи и ФМ Мухамет Аслани, двајцата од Косово, и ФМ Антон Златков.

Награди имаше и за младинците на ШК Алкалоид и на ШК Мулти Есенс, за кои овие турнири беа најава на државните младински првенства. ЖФМ Моника Жежовска беше најдобра во категоријата до 18 години кај девојките. Од другите младинци, Кирил Николовски беше втор во категоријата до 18 години, Благоја Миновски беше најдобар во категоријата за момчиња до 16 години, а Илијана Велева во категоријата за девојчиња до 14 години.

Следни големи настани за ШК Алкалоид ќе бидат Светското екипно првенство за сениори над 50 години во Драч, Албанија (18 до 29 април), како и настапот на двајцата мајстори Тони Лазов и Емил Ристески на Европското првенство во Катовице, Полска (6 до 20 април).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот