ЈП „Лајка“:Доколку се соочувате со проблем од глутница кучиња, веднаш пријавете

Фото: ЈП „Лајка“

Агресивни кучиња кои талкаат низ јавните површини во Скопје, сами или пак во глутница, веќе со години наназад претставуваат сериозен проблем за жителите на главниот град.

Токму во обид да се намали нивниот број, од ЈП „Лајка“ апелираат до граѓаните доколку забележат групирање на кучиња во населбите во кои живеат или пак доколку се соочат со агресивно куче, веднаш да пријават.

Почитувани граѓани, доколку се соочувате со проблем од глутница кучиња или агресивно куче во вашето населено место, ве молиме пријавете на нашата електронска адреса [email protected], како би можела екипата на ЈП Лајка да постапи на терен по вашата пријава. Вашата пријава потребно е да содржи фотографии или видео од кучето или глутницата од кучиња – стои во објавата на ЈП „Лајка.

Инаку, според информациите добиени од ова јавно претпријатије, во моментов во прифатилиштето има околу 70 кучиња кои се комплетно здрави и кои чекаат хумани граѓани да ги посвојат и на тој начин да им обезбедат топол дом, соодветни услови за живот и редовни оброци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот