Јовиќ по поразот од Загреб: Немавме решение за последните 15 минути

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер го запиша и петтиот пораз сезонава во исто толку натпревари во Лигата на шампионите.

Пелистерци 45 минути му парираа на Загреб, а потоа следуваше голем пад во играта на битолскиот состав, па Загреб славеше победа со 28:17. По натпреварот овој период го потенцираше и тренерот Александар Јовиќ.

„Одигравме добри 45 минути, а потоа влеговме во една фаза во која немавме решение ниту во нападот ниту во одбраната. Истото ни се случуваше и на претходните натпревари и затоа мора да работиме повеќе на тоа, за да не ни се повторува и во иднина и за да можеме да победиме екипи во Лигата на шампионите. Честитки за противникот за победа“, изјави Јовиќ.

На прес-конференцијата присуствуваше и ракометарот Петар Атанасијевиќ.

„Во ваков натпревар треба да си фокусиран 60 минути. Ние не го издржавме истото темпо во сите 60 минути. Мислам дека двете екипи дадоа одлична партија, а на крај искуството на противникот пресуди“, изјави младиот Атанасијевиќ.

Следен предизвик за Еурофарм Пелистер во ракометната елита ќе биде натпреварот против Киелце кој се игра за шест дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот