Јована Кипријановска го продолжи договорот со францускиот Ле Самбр Авенуа

Јована Кипријановска/фото: РФМ

Јована Кипријановска го продолжи договорот со Ле Самбр Авенуа на уште една година, официјално соопштија од клубот.

Македонската ракометарка ќе продолжи да ги брани боите на француската екипа до крајот на натпреварувачката сезона 2024-2025.

Кипријановска покажува одлични игри за својот клуб, во 14 коло од второлигашкото француско натпреварување во победата над Асул Ан Велан имаше четири погодоци, а потоа имаше уште седум во триумфот над Тулуз.

Потсетување дека во изминатиот период нашиот десен бек со најдобрата македонска репрезентација успеа да обезбеди пласман на Европското првенство 2024. Во квалификациите успеа да запише 10 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот