Јотовски шампионски ја започна годината со трофеј во Египет

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со триумф ја започна 2022 година/Фото: facebook.com/tomislav.jotovski.31

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски заедно со Антони Генов од Бугарија се победници на турнирот во двојки кој се одржи во Гиза, Египет.

Тие денеска во финалето беа подобри од вторите носители Реј Хо (Тајван) и Григориј Ломакин (Казахстан) со резултат 2:1 (6:1, 3:6, 10:7).

Јотовски на својот Инстаграм профил го сподели успехот заедно со неговиот дубл партнер Генов и освоениот трофеј на ИТФ турнирот вреден 15.000 долари.

– Добар старт на годината – напиша Јотовски на Инстаграм.

На патот до финалето македонскиот и бугарскиот тенисер славеа уште против четвртите носители М. Буж (Франција) и Цунг-Хао Хуанг (Тајван) со 6:4, 4:6, 10:6, потоа ги совладаа Италијанците Симоне Агостини и Матео Де Винчентис со 6:1 и 7:6 (3) и на претпоследната пречка ја елиминираа руската двојка Иван Денисов и Егор Новиков со 6:2 и 7:6 (10).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот