Јосипа Лисац го искоментира феноменот Александра Пријовиќ: Нема простор за љубомора

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Феноменот Александра Пријовиќ е главна тема во регионот последните денови. Фактот што успеа да распродаде дури пет концерти во Загреб привлече големо внимание и кај фановите и кај познатите личности. Сега и Јосипа Лисац се огласи на оваа тема.

„Зошто да немаме свој избор?“, одговорила таа на новинарското прашање за музичките гости во Хрватска.

„И јас имам полни и распродадени концерти, и други имаат и полни и распродадени концерти, нема тука простор за љубомора. Не сакам да кажам ништо против тоа“, потенцирала музичката дива.

“Особено ако има уште луѓе кои платиле билети, па тоа е фантастично. Бидејќи знам за некои концерти за кои се поделени половина билети. Има ли правда? Не знам. Но, ако сте подготвени за концерт и можете да го распродадете, одлично! Нема што да се каже. Зборовите овде звучат глупаво. Кога ќе направите репортажа од концертот, можете да видите сè”, заклучила таа.

Александра Пријовиќ го одржа својот петти концерт во Арена Загреб и стана апсолутна рекордерка. На петтиот концерт, како и на претходните, се собраа илјадници нејзини фанови.
Билетите за првите три концерти се продадени за 24 часа, додека за четвртиот нешто повеќе од 48 часа. И петтиот концерт бил распродаден за само неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот