Јелена Розга првпат ја потврди врската со Иван Хуљиќ: „Ние ништо не криеме“
За тоа дека хрватската пејачка Јелена Розга (47) е во врска со композиторот Иван Хуљиќ (37), синот на Тончи Хуљиќ, јавноста зборува веќе неколку месеци. Розга во повеќе наврати истакна дека е среќна и вљубена, но дека не се мажи.
Препорачано
Меѓутоа, пејачката досега не споделуваше ништо за тоа со јавноста.
Овие денови на едно доделување на награди таа се појави во друштво на своето момче, а притоа насмевката не ја симнувала од лицето.
На свеченоста на розите во Вечерњак, пејачката се појави со своето момче, што беше нивно прво појавување во јавноста.
– Ние ништо не криеме – рекла одлично расположената Јелена за „Нет.хр“.
Таа блескала во долг светкав фустан, а рекла дека за нејзиниот изглед заслужно е тоа што внимава што јаде.
Розга исто така рекла и што ѝ најважно кај облеката што ја носи.
– Ја сакам модата, навистина. Но, најважна ми е удобноста. Нема да излезам на сцената ако нешто ме стега или ако не можам да ја кренам раката, тоа навистина ме нервира. Не сакам да бидам во соблекувалната, сакам да бидам на сцената и да уживам во гласот, песните и публиката. Удобноста е клучна за мене – изјавила таа.
ВИДЕО | Бившиот на Јелена Розга: Зборуваа дека и двајцата сме геј, но тоа беше вистинска љубов


