„Резултатите ми се лоши, дечко ми цело време е со мене“: Јелена Розга ја откри здравствената состојба по концертите во Белград
Хрватската пејачка Јелена Розга вчера, 17 јануари, го одржа последниот концерт од вкупно седум закажани концерти во Сава Центар во Белград.
Препорачано
Јелена на крајот од концертот ги сумирала впечатоците.
– Сите седум вечери беа посебни, емотивни, јас сум толку среќна, како кога на една девојка ќе ѝ се исполнат најголемите желби на светот, треба да сонуваш и да веруваш во себе, мене барем така ми се случува. Благодарам на најубавата публика на светот – започнала Јелена Розга, а потоа продолжила:
– Беше толку убаво, мислев дека нема да можам да го издржам сето ова поради моите емоции и трема… тремата беше иста секоја вечер и сè додека е вака, јас ќе имам трема и како сè додека ми е покачен ТСХ (хормон на тироидната жлезда) значи дека сè уште си ја работам работата со полно срце – рекла Јелена, а потоа објаснила зошто морала да прими инфузија пред вчерашниот концерт:
– Тироидната жлезда ми е лоша, резултатите ми се многу лоши, но ќе го решиме, не е првпат – додала пејачката, а на прашањето за нејзиниот партнер се пофалила дека вечерва бил таму да ѝ пружи ја поддршка:
– Тој беше тука вечерва и на другиот концерт. Ме бакна пред концертот и ми посака среќа, љубовта е најважна – рекла Јелена.
View this post on Instagram


