Јапонска компанија воведува „трајно“ работење од дома

Фуџитсу наведува дека се прилагодува на „новата реалност” предизвикана од коронавирусот преку програма која ќе понуди флексибилност за 80.000 свои работници низ целата земја.

Технолошката компанија Фуџитсу денеска соопшти дека ќе го преполови бројот на вработени во својата канцеларија во Јапонија и дека работењето од дома ќе стане трајно додека е можно.

Фуџитсу наведува дека се прилагодува на „новата реалност” предизвикана од коронавирусот преку програма која ќе понуди флексибилност за 80.000 свои работници низ целата земја.

Компанијата додава дека вработените ќе можат да изберат дали да работат во своите домови, корпоративни центри или во филијали.

Слична програма во мај објави и социјалната мрежа Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот