Американски маринци на вежби на НАТО ЕПА, Васил Донев

Јапонија тврди дека САД сакаат да распоредат маринци низ Окинава до 2026 година

САД сакаат да распоредат американски маринци на јапонскиот остров Окинава до 2026 година, вооружувајќи ги со проектили и лесно оружје за потенцијално да ја одвратат кинеската војска и сакаат да разговараат за тој план со Јапонија во среда во Вашингтон, објави денеска Јомиури.

Весникот наведува дека САД веќе ја информирале Јапонија за планот, кој официјално ќе го објави по средбата на јапонските министри за одбрана и надворешни работи со нивните американски колеги во среда во Вашингтон.

Засега нема потврда од претставници на јапонското Министерство за одбрана.

Според извор од Министерството, Јапонија и САД „ќе разговараат за прашања поврзани со распоредувањето на американските сили во Јапонија”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот