Косуке Јасихура/ГРК Охрид

Јапонецот кој блескаше во Вардар, потпиша за Охрид: Пресреќен сум што се враќам во Македонија

Екипата на Охрид, која има сè поголеми амбиции, еден ден по победата над Пелистер во Битола претстави големо засилување.

Имено, нов член на „гладијаторите“ е Јапонецот Косуке Јасухира. Поранешниот ракометар на Вардар пристигнува на позајмица до крајот на сезоната од редовите на Бурган од Кувајт.

Самиот Јасихура изрази задоволство што повторно ќе има прилика да настапува во Македонија.

„Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација“, изјави Косуке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот