Јанта Волеј по голема борба во пет сета до победа на дебито во квалификациите за Лигата на шампионите
Македонските одбојкарки на Јанта Волеј започнаа со триумф своето историско учество во ЦЕВ Лигата на шампиони, совладувајќи го босанскиот состав Гацко со 3-2 во возбудливо полуфинале од квалификациите за елитното европско натпреварување.
Препорачано
Натпреварот донесе многу драма, иако Гацко поведе рано со 5-1 во првиот сет, Јанта Волеј се стабилизира и со сигурна игра го освои сетот со 25-21. Во вториот сет, босанската екипа возврати на ист начин и израмни на 1-1 (21-25).
Третиот сет повторно им припадна на македонските шампионки, кои со цврста и концентрирана игра го добија со 25-22. Но, Гацко не се откажа, Јанта имаше почетна предност од 8-5, а домаќинките направија серија и поведоа со 18-12. Јанта успеа да израмни на 18-18, но Гацко сепак го освои сетот со 25-20 и избори тај-брејк.
Во решавачкиот петти сет се водеше голема борба за секоја топка, а на крајот со 18-16 подобри беа одбојкарките на македонскиот претставник.
Реванш средбата која ќе реши кој патува понатаму во ЛШ е закажана за 29 октомври со почеток од 18 часот.
Преземено од: Спорт.ком.мк


