Јаневска: Од следната учебна година ќе има учебници за странски јазици
Повикот за учебници за странски јазици ќе биде објавен во јануари следната година, а веќе во септември учениците ќе имаат книги, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Препорачано
Јаневска вели дека во ниту едно училиште во земјава нема книги по странски јазик и додаде дека досега не можела да се изврши набавка.
-Немаше можност за набавка на странски јазици од јуни до сега. Повикот за учебници за странски јазици ќе биде објавен во јануари 2025 година, а во септември 2025 година ќе имаат книги за странски јазици. Односно, не во некои училишта, во ниту едно училиште нема книга за странски јазици – изјави таа.
Како што соопшти министерката на почетокот на оваа учебна година, учебници за странски јазик нема бидејќи претходната Влада го поништила тендерот и сѐ уште е во жалбена постапка.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


