Фото: facebook.com/MitkoJanchev/ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци

Јанчев: Како сопственик на ГФК Тиквеш, најостро го осудувам нападот кон ФФМ

Комисијата за натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) покрена дисциплински мерки по настаните од натпреварот во 30. коло од Првата МФЛ меѓу екипите на ФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973 одигран во Кавадарци кој заврши со резултат 1:1.

Навивачката група „Лозари“ употребила пиротехника, при што 38 пати биле фрлани пиротехнички средства на теренот. И покрај двете предупредувања преку разгласот, инцидентите продолжиле. Дополнително, бил истакнат и провокативен банер со навредлива содржина кон ФФМ, кој бил отстранет по интервенција преку спикерот.

Градоначалникот на општина Кавадарци и воедно доминантен сопственик на ГФК Тиквеш, Митко Јанчев се оградува и најостро го осудува нападот кон ФФМ.

-Како градоначалник на општина Кавадарци која е доминантен сопственик на ГФК ТИКВЕШ, во изминатите години клубот го водиме кон успех кој се издвојува преку влегувањето во првата македонска лига, опстанок во истата, излегувањето во европската лига, како и враќањето на спортскиот фудбалски дух во нашето Кавадарци.

Како градоначалник и доминантен сопственик на клубот се оградувам и најостро го осудувам нападот кон ФФМ и најодговорно и професионално тврдам дека ниту една политичка партија ниту пак функционер досега нема никакво влијание во работењето на ФФМ и спортските клубови, односно ГФК ТИКВЕШ 1930 Кавадарци.

Помеѓу ФФМ, ГФК ТИКВЕШ и Митко Јанчев има одлични релации и соработка како во професионалниот дел така и во подигање на спортската култура во градот и младинските категории. Досега заедно со претседателот на ФФМ г-динот Масер Омерагиќ не сме имале никакви недоразбирања туку секогаш сме дејствувале исклучиво во интерес на фудбалот.

Се оградуваме и ги осудуваме сите навреди упатени кон ФФМ и кон клубот, од страна на поединци кои што се дел од фудбалските клубови во првата македонска фудбалска лига. Како доминантен сопственик заедно со останатите акционери ќе ја разгледаме потребата и можноста за промени како во стручниот штаб така и во самата управа на клубот.

Познати по нашата спортска транспарентност, квалитет и успешност пред се пред својата кавадаречка публика претставувајќи ги боите на ГФК ТИКВЕШ ќе продолжиме со крената глава кон нови спортски успеси, чесно и поштено! – стои во објавата на Митко Јанчев, градоначалникот на општина Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот