Фото: ФФМ

Истакнат провокативен банер со навредлива содржина кон ФФМ на натпреварот Тиквеш 1930 – Аресими 1973

Комисијата за натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на седницата одржана на ден 4 мај 2026 година, покрена дисциплински мерки по настаните од натпреварите во 30 коло од Првата македонска фудбалска лига, сезона 2025/26.

На натпреварот помеѓу ФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973, одигран на 3 мај 2026 година во Кавадарци, било констатирано сериозно прекршување од страна на домашната публика. Навивачката група „Лозари“ употребила пиротехника, при што 38 пати биле фрлани пиротехнички средства на теренот. И покрај двете предупредувања преку разгласот, инцидентите продолжиле. Дополнително, бил истакнат и провокативен банер со навредлива содржина кон ФФМ, кој бил отстранет по интервенција преку спикерот. Поради овие случувања, против клубот е покрената дисциплинска постапка и случајот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ.

На вториот натпревар, меѓу ФК Силекс АД Кратово – ФК Шкендија АД Тетово, одигран на 1 мај 2026 година во Кратово, инцидентите се случиле по завршувањето на натпреварот. Фудбалерот на гостинскиот тим ФК Шкендија, Ирман Фетаи, оштетил врата од службените простории, удирајќи ја со нога. За настанот е направен и полициски записник и е земена изјава од играчот.

Дополнително, шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се однесувал некоректно кон припадниците на МВР, упатувајќи вербални навреди во службените простории.

Согласно горенаведеното Комисијата за натпреварување на ФФМ, покрена дисциплинска постапка против фудбалерот на ФК Шкендија, Ирман Фетаи и против шефот на стручен штаб на Јетон Беќири и истите се предаваат на Дисциплинска Комисија на ФФМ.

Воедно, ФК Шкендија е задолжена во рок од 15 дена од одигрување на натпреварот, да постигне договор со ФК Силекс за надомест на причинетата штета и писмено да ја извести Комисијата за натпревари на ФФМ за регулирањето на обврската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот