Јакупи: Eдна изборна единица може да донесе „главоболки” за формирање стабилна владина коалиција

Фото: Screenshot/YouTube

Пропорционален систем со една изборна единица е модел во кој повеќе политички партии можат да бидат претставени во Законодавниот дом, но од друга страна може да биде штетен за формирање стабилна владина коалиција, оценува за „Слободен печат“, Субхи Јакупи – поранешен член на ДИК.

-Овој изборен модел со една изборна единица ги фаворизира претставниците од главниот град и големите градови на земјата, оставајќи ги зад себе локалните претставници. Од 28 земји-членки на ЕУ и 5 земји кандидати, овој изборен модел со една изборна единица се практикува само во Холандија, Црна Гора, Србија и Словачка. Овој изборен модел може да предизвика проблеми и со изборниот праг кој во изборните практики е од 3 до 10 отсто, каде за да се добијат пратенички места мора да се помине одреден процент со законски акти на која било политичка партија или независен кандидат кои се дел од изборната трка. Како илустрација, можеме да нагласиме дека Холандија има понизок изборен праг од 0,67 отсто, додека Турција се разликува како земја со поголем изборен праг од 10 отсто. Од ова може да се заклучи дека високиот изборен праг им штети на малите партии – објаснува Јакупи за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот