Фото: instagram.com/aquilabaskettrento

Јакимовски прв стрелец во поразот на Тренто против Канту

Денеска во 20 коло од најсилното италијанско првенство кошаркарите на Тренто изненадувачки загубија на гостувањето кај Канту со 108:91.

По серијата три победи во низа, тимот на Тренто го претрпе 10 пораз сезонава, а Канту дојде до само петтиот триумф во шампионатот и е моментно на 14 место со 10 бодови.

Тренто е на седмото место со 18 бодови со добри шанси да се најде во четвртфиналниот плејоф. Во следното коло Јакимовски и неговите тимски колеги ќе играат на 7 март дома против Сасари.

Прв стрелец во редовите на Тренто на денешниот дуел беше македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски со 19 поени, седум скока и една асистенција за 27 минути игра на паркетот.

На спротивната страна за Канту доминираше Џордано Бортолани со 24 поени, четири скока и една асистенција за 30 минути игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот