Јаде сарми, а изгледа како дечко на 72 години: Откриена тајната на младоликиот изглед на Здравко Чолиќ

Фото: Instagram / zdravko.colic

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ (72) освен што со децении импресионира со извонреден глас, воодушевува и со својот младешки изглед и неверојатна енергија на која би позавиделе многу помлади.

Генетиката секако игра важна улога, но Чолиќ со години е во топ форма и поради здравјето и поради работата. Неговите енергични изведби, со кои дури и неуморниот Мик Џегер тешко би се држел, бараат многу кондиција и во исто време го одржуваат во форма, пренесуваат српските медиуми.

Чолиќ неколкупати беше „уловен“ од фотографите како тренира на Кошутњак, прави стомачни вежби, потоа вежби за истегнување, а практикува и брзо одење.

Во мај минатата година, музичката легенда откри дека користи хипербарична комора што го прави да изгледа младолико и го зачувува здравјето на гласните жици. Чолиќ оди на медицински третман, на база на чист кислород. Кислородот се вдишува под притисок поголем од атмосферскиот. Доволен е краток престој за да се забележат ефектите.

Славниот пејач е љубител и на гурманската храна, што пред неколку месеци го потврди и готвачка во познат белградски ресторан во кој тој често оди:

„Секогаш нарачуваше домашно приготвени јадења кои беа на менито на ресторанот тој ден. Сакаше домашни лепчиња и лебови што ги месев. Често доаѓаше со семејството, па дури и телефонски нарачуваше храна и доаѓаше само да ја земе. Бидејќи беше ресторан со национална кујна, немаше модерни колачи, но направивме вистинска мрзлива пита, кремпити што ги правеа нашите баби, како и пити со ореви. Сето тоа многу го сакаше“, изјавила таа.

Чолиќ е познат како голем хедонист. Тој секогаш го почитува редот, од аперитив, мезе, главно јадење (најчесто риба), омилен пијалок, десерт и на крајот уште една чаша од омилениот пијалок.

Меѓутоа, Чолиќ секогаш знае каде е мерката. Доколку неколку дена по ред ужива во гурманска храна со пријателите, тој прави пауза за да тренира и да го освежи телото со природни пијалоци. Неговата детоксикација се свежо цедените сокови.

„Секој ден цеди пет килограми портокали и четири килограми цвекло. Вели дека тогаш се заморува и соковникот“, открил изворот.

Инаку, Чола сака и сарма, полнети пиперки, но и стек и зелена салата, кои често и самиот ги подготвува. Сака и специјалитети од Истра, односно медитеранска храна во која ужива кога е на одмор со семејството. Експертите често истакнуваат дека овој вид на исхрана е многу корисен за здравјето.

ФОТО | Здравко Чолиќ за односот со ќерка му: Не ми се допаѓа што се слика на Инстаграм, но не можам да ѝ забранам

ВИДЕО | Ќе ве шокира кои песни ги одбил Здравко Чолиќ, некои од најголемите балкански хитови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот