ВИДЕО | Ќе ве шокира кои песни ги одбил Здравко Чолиќ, некои од најголемите балкански хитови

Здравко Чолиќ (72) е една најголемите балкански ѕвезди – подеднакво го сакаат и младите и постарите генерации, а во својата 55-годишна кариера сними бројни големи хитови. Во неговиот глас како да постои некоја магија, а концертите на Чола се секогаш најпосетени. Иако ги испеа едни од најубавите песни на овие простори, некои големи хитови отфрли, сметајќи дека не биле идеален избор за него.
Чолиќ призна дека од различни причини одбил многу песни во текот на кариерата, па истите станале хитови откако ги отпеале други изведувачи, пишува српски „Курир“.
– Кога се работи некој нов албум, обично за него пристигнуваат повеќе песни отколку што ќе бидат објавени. Имаше неколку песни во мојата кариера што не ги снимив. На пример, Ѓорѓе Новаковиќ ми ја понуди песната „Зора је сванула“. Тоа беше вистински хит, можеби ние поинаку ќе ја направевме – рекол Чола, како што наведува „Курир“.
Покрај тоа признал дека една од песните кои му биле понудени е и „Кад ходаш“ во изведба на „Рибља чорба“, а ја напишал Момчило Бајагиќ Бајага.
– Бајага ми ја понуди „Кад ходаш“, тој хит исто така го пропуштив. Зошто некоја песна сум пропуштил? Едноставно затоа што многу композитори сакаа да соработуваат со мене, бидејќи од моја страна тргна добра продажба на плочи. Тоа беше многу профитабилно и за нив, да имаат некој кој продава плочи, кој е актуелен, да ги пее нивните песни – објаснил тој.
Тој истакнал дека времињата биле различни, додека не се појавила дигитализацијата.
Чолиќ навел и дека порано имало десет места на албумот на плочата, па некои песни морале да отпаднат и во тој контекст.
– Тоа вредеше во времето на винилот, а подоцна, кога сè стана дигитално, веќе не беше важно. Тогаш беше важно дали нешто е продуцентска грешка – додал Чолиќ.
Претходно тој открил дека за него бил наменет и хитот „Да се опет теби вратим“, кој на крајот го отпеала Нина Бадриќ.
– Една девојка од Белград ми понуди песна која на крајот ја сними Нина Бадриќ. Секое време има некоја песна која ќе ја пропуштиш – објаснил и додал дека смета дека секоја песна не е е за секого.
– Некоја песна што сум ја пропуштил, некој подобро ја искористил. Можеби кај мене не би се забележала од некои други песни. А за некого таа значеше живот или утредента веќе направил голем хит – објаснил пејачот.