ФОТО | Здравко Чолиќ за односот со ќерка му: Не ми се допаѓа што се слика на Инстаграм, но не можам да ѝ забранам

Фото: Инстаграм/Здравко Чолиќ/Уна Чолиќ

Пејачот Здравко Чолиќ е една од најголемите балкански ѕвезди, кој својата кариера ја изгради врз основа на квалитетна музика, а не врз скандали.

Што се однесува до животот надвор од сцената, Чолиќ и неговата сопруга Александра се долги години во брак и имаат две ќерки – Лара и Уна.

Уна Чолиќ  Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ

Уна го привлече вниманието кон себе со своите фотографии на социјалните медиуми, поради што денес има речиси 45 илјади следбеници, а славниот татко неодамна призна дека му пречи нејзината „изложеност“ на Инстаграм, пренесува српски „Курир“.

„Таа само слика нешто. Ја казнувам, не ми се допаѓа тоа, но не можам да ѝ забранам. Таа е таква. Едноставно, комуницира со луѓето, сака да се слика. Луѓето се сликаат со мене. Но, јас никогаш не сум бил таков – што помалку, толку подобро. Само кога треба, за работа. А, таа е само со телефонот. Не можам да ѝ забранам, што да ѝ правам. Тоа е сосема поинакво отколку што беше порано. Порано мораше да ангажираш фотограф да те слика или мораше да имаш добар фотоапарат дома, а потоа да чекаш да ги направиш сликите“, изјавил пејачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот