Фото: МВР

Ја убиле со пиштол, ја закопале во дупка, а телото го запалиле – откриено како е убиена жената од Гостиварско

Маж и неговата партнерка заедно ја убиле жената од гостиварското село Здуње, ја закопале во дупка, а телото го запалиле и покриле со земја, гранки и други предмети. Гостиварското обвинителство донесе наредба за спроведување на истражна постапка против двајцата осомничени за убиство и за двајцата побара притвор.

-Осомничениот и осомничената, како соизвршители, во гостиварско Неготино, на свиреп начин ја лишиле од живот Хавва Азизи од селото Здуње. Жртвата ја зеле од пред нејзиниот дом на 7 декември, ја однеле во куќата на осомничените, каде започнале расправија за одредени недоразбирања. Потоа ја затвориле во помошна просторија во сопственост на лице кое престојува во странство. Осомничената донела пиштол, а осомничениот го извршил убиството со еден истрел од огненото оружје. Заедно со количка го внеле телото на жртвата во автомобилот, го однеле во атарот на селото Неготино, каде го спуштиле во ископана дупка, го запалиле и го покриле со земја, гранки и различни предмети – соопшти Обвинителството.

Жената излегла од дома вечерта меѓу 6 и 7 овој месец, а дека е исчезната пријавил нејзиниот син откако на безбедносни камери видел дека мајка му излегла од дома и влегла во возило „фиат“, а убиецот пред да замине пребарувал во нејзината куќа и зел пари.

Полицијата од „листингот“ на телефонот на жената видела дека грабнатата жена последно разговарала со својот убиец. Убиството во полиција го признала жената на убиецот.

-Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција – се вели во соопштението.

Грозоморно убиство во Гостиварско – жена била грабната, убиена и закопана во дупка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот