Грозоморно убиство во Гостиварско – жена била грабната, убиена и закопана во дупка
Грозоморно убиство се случило во Гостиварско, жена била грабната и убиена, а нејзиното тело било најдено во дупка во атарот на гостиварското село Неготино. Засега нема точни официјални информации од Министерството за внатрешни работи кои рекоа дека наскоро ќе излезат со детали, но со информации излезе јавното обвинителство во Гостивар.
Препорачано
Неофицијално, во убиството е вплеткан брачен пар – ужасниот чин го извршил мажот, а неговата сопруга, која учествувала во прикривањето на злосторството, кажала што се случило откако убиената жена била пријавена дека е исчезната.
Жртвата сè уште не е идентификувана. Според засега непотврдени информации, за да се сокријат трагите, мажот и жената го палеле телото.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка. Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од местото. Во текот на ноќта беа преземени повеќе истражни дејствија, по што за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека уште едно лице е задржано и за него се вршат проверки. По наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот – соопшти Обвинителството.
Што и како се случило се очекува со соопштение за јавност да објаснат од Министерството за внатрешни работи.


