Ја освои титулата во ЛШ, а сега ќе се врати во Интер (ФОТО)
И официјално доаѓа потврда од редовите на германскиот гигант Баерн Минхен дека Хрватот ја завршува позајмица од една година и ќе се врати во милански Интер со кој има договор до 2022 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иван Перишиќ летово успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите со Баерн Минхен во чии бои запиша 35 настапи, со осум голови и 10 асистенции.
Спортскиот директор на баварската екипа, Хасан Салихамиџиќ истакна дека Перишиќ се однесуваше многу професионално во изминатата година.
Danke für alles, Ivan! ?
— CHAMPIONS OF EUROPE ? (@FCBayern) September 9, 2020
– Тој беше важен играч во Баерн и го одигра неговиот дел освојувајќи ја Бундеслигата, германскиот Куп и ЛШ. Му посакуваме се најдобро во иднина – вели Салихамиџиќ, поранешниот репрезентативец на БиХ.
И тренерот на минхенскиот состав, Ханс Флик му се заблагодари на хрватскиот интернационалец за перформансите и придонесот кои ги даде за клубот во освојувањето на тројна „круна“.
– Ние бевме многу среќни што соработувме со него. Можевме да ги видиме неговите квалитети, особено на завршниот турнир на ЛШ во Лисабон – се зборовите на стратегот на германскиот и европски првак, Флик.


